2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТоп 10 најпродавани SUV автомобили во светот

Топ 10 најпродавани SUV автомобили во светот

Јапонскиот кросовер „Toyota RAV4“ е најпродаван автомобил во оваа класа во светот во првата половина на 2018-та година, но тоа може многу брзо да се смени. Ова е јасно од Топ 10 од најпопуларните кросовери на пазарот во првите шест месеци од годината.

За овој период на „RAV4“ (на сликата) се продадени 408.703 примероци, а тоа е зголемување за 7,5% во однос на истиот период за 2017-та година. Само во јуни од моделот на „Toyota“ се продадени 73.857 возила. Сосема блиску сепак е „Volkswagen Tiguan“ со 405.087 продажби (+ 16,3%), а за јуни резултатот е 67.495.

Моделот „Honda CR-V“ е рангиран на третото место со 337.802 единици, но јапонскиот модел бележи пад од 4%. Само во јуни, 62.635 единици беа продадени од овој „SUV“, што му овозможи да остане во чекор со четвртиот „Hyundai Tucson“. Резултатот на корејскиот модел изнесува 279.102 (-3.1%) од почетокот на годината и 50.435 во јуни.

На петтото место се наоѓа „Nissan Qashqai“ со 272.069 продажби (+ 6,0%), а на шесто е „Mazda CX-5“ со 239.641 (+ 21,9%). Следат „Nissan Rogue“ (познат на некои пазари како „X-Trail“) со 238.810 (+ 8,8%), „Kia Sportage“ со 230.465 (+ 5,8%), „Haval H6“ со 219.932 (-3,1%) и „Chevrolet Equinox“ со 219.600 (+ 30%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП