27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФолклорен „Фестивал на солидарноста“ по 39. пат

Фолклорен „Фестивал на солидарноста“ по 39. пат

Денеска, на платото во ТЦ „Лептокарија“, во 20:30 часот ќе почне 39. издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал, т.н. „Фестивал на солидарноста“.

Меѓународниот студентски фолклорен фестивал се одржува од 1967 година на иницијатива на скопските студенти, а во знак на благодарност до земјите кои учествуваа во изградбата на градот Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, по што и го доби синонимот „Фестивал на солидарноста“.

Домаќин на фолклорниот фестивал е Академското културно-уметничко друштво “Мирче Ацев”, кое е со седиште на територија на општина Карпош. Оваа фолклорна манифестација има меѓународен карактер. На него ќе учествуваат, покрај уметнички друштва од Македонија, и ансамбли од Србија, Хрватска, Турција и Кипар.

Фолкорниот фестивал му претходи на Карпошовото културно лето и ја збогатува културната програма во која ќе уживаат жителите на Карпош, но и сите граѓани на Скопје.

Отворањето на фестивалот ќе биде на платото во ТЦ „Лептокарија“, а ќе се одржат концерти и во општина Гази Баба, како и во градот Велес.

Во рамките на фестивалот ќе се одржи и семинар за фолклор, кој ќе овозможи дополнително вмрежување и размена на искуства и знаења меѓу учесниците. Во рамки на семинарот ќе се одржат работилници за презентација на народните носии, чекорите во ритмичките игри, на инструментите и на мелосот.

Фолклорот претставува вистинско богатство на секоја држава, а овој фестивал овозможува  нејзина вистинска презентација и доближување на нејзините карактеристики до што поголем број граѓани.

Општина Карпош ги поканува сите заинтересирани граѓани да го проследат отворањето на фестивалот и да уживаат во неговата богата програма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП