5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал прифати пет понуди за Бентнер

Арсенал прифати пет понуди за Бентнер

Arsenal v Juventus - Emirates Cup

Напаѓачот на Арсенал Никлас Бентнер откри дека ќе избира помеѓу пет клуба во кои може да ја продолжи кариерата. Од ова стана јасно дека токму толкав е бројот на предлози кои се прифатени од страна на раководството на „топџиите“.

Иако имаше најдобар почеток на неговата кариера во Лондон, сепак постепено данскиот репрезентативец ја загуби довербата на Арсен Венгер и во последните две сезони беше на позајмица. Во Сандерленд тој имаше релативно пристојна сезона, но во текот на изминатата во Јувентус Бентнер беше само резерва.

Во јануари имаше опција тој да премине во Хамбургер, но Данецот одби под изговор дека понудата не била доволно добра.

„Арсенал ги прифати понудите на петте клуба, па сега се зависи од тоа што јас ќе одлучам. Во следните две недели ќе ја донесам конечната одлуката. Станува збор за силни тимови. Ситуацијата со која сум соочен е од исклучително значење за мојата иднина. Треба да одам таму, каде што сум посакуван. Како фудбалер има само едно нешто што ме прави среќен, а тоа е да играм”, вели Бентнер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП