12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche: 911 ќе биде последниот за електрификација

Porsche: 911 ќе биде последниот за електрификација

За „Porsche“ зборот „хибрид“ одамна не е непознат термин, сепак компанијата прво го лансираше „918 Spyder“, а потоа и доста прифатливата „Panamera S E-Hybrid“. На крајот на 2019-та треба да се појави и „Porsche Taycan“ што ќе го одбележи почетокот на транзицијата на брендот од „plug-in“ хибриди кон целосно електрични модели. Но, кога ќе заврши оваа транзиција?

Кога ќе се појави електричниот „911“, сугерира „Porsche“.

Барем такво е мислењето на потпретседателот на „Porsche“, кој одговара за моторспорт програмите и „GT“ автомобилите на брендот доктор Франк-Штефен Вализер. Тој беше гостин на трката од светскиот шампионат за издржливост „6 часа на Силверстоун“ овој викенд и токму таму ја коментираше иднината на електричниот „911“.

„Би рекол дека „911“ ќе биде последниот наш автомобил кој ќе добие електричен погон“, вели доктор Вализер за австралиското издание „Drive“.

Оваа теза е интересна, најмалку бидејќи се разликува од мислењето на големиот шеф на „Porsche“ Оливер Блум, кој пак веќе објави дека „911“ никогаш нема да има електрична верзија.

Во почетокот на 2016-та се појави информација дека евентуално „911“ ќе добие „plug-in“ хибридна опција. Сега веќе има информации дека тоа може да се случи во средината на животниот циклус на следната генерација на „911“, како оваа следна генерација ќе дебитира оваа година. Според грубите пресметки значи дека хибридната варијанта на „911“ може да се појави околу 2024-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП