7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКросоверите веќе имаат удел од 37% од светскиот пазар

Кросоверите веќе имаат удел од 37% од светскиот пазар

Најпродаваните автомобили во првите шест месеци од годината се „Ford F-Series“, „Toyota Corolla“ и „VW Golf“.

Глобалниот автомобилски пазар покажа позитивна динамика, според податоците објавени од „AutocarProfessional“. Според резултатите од првата половина од 2018-та година, во светот се продадени 44 милиони автомобили, што е за 3.6% повеќе во однос на истиот период од минатата година. Најпрогресивниот пазар е Индија, со раст од 18%.

Според истражувањето, шест од првите 10 глобални пазари покажаа значително зголемување на продажбата. Исто така треба да се напомене дека на кросоверите и SUV возилата веќе се отпаѓаат околу 37% од вкупната продажба на глобално ниво: во првите шест месеци од годинава се продадени 15 милиони, што прави раст од 14% во однос на истиот период од 2017-та. Обемот на продажба на овие автомобили се зголеми во 10 од 11-те клучни региони, а бележи пад во Јапонија.

Компактните автомобили се вторите најпопуларени, но нивната побарувачка опаѓа речиси во целиот свет. Пад е забележан во Европа (-5%) и во САД (-8%). Исто така, имаше опаѓање кај минивановите – во Кина за 19%, а во Европа за 23%.

10-те најпродавани автомобили за првата половина од годината во глобални рамки се: „Ford F-Series“ (534.827 примероци), „Toyota Corolla“ (478.122), „Volkswagen Golf“ (431.836), „Honda Civic“ (412.664), „Toyota RAV4“ (395.816), „Nissan X-Trail“ (392.489), „Volkswagen Passat“ (356.566), „Honda CR-V“ (339.081), „Honda HR-V“ (334.917) и „Chevrolet Silverado“ (326.427).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП