26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДвојно влијание од мостот во Џенова врз Allianz

Двојно влијание од мостот во Џенова врз Allianz

Големиот европски осигурител „Allianz“ доживува двоен удар од колапсот на мостот во Џенова, Италија. Групата не е само една од осигурителите на градежниот објект, но, исто така, учествува во компанијата концесионер „Autostrade per l’Italia“, изјави портпаролот на „Allianz“ викендов. Претходно, германскиот неделник „Welt am Sonntag“ го објави ова. Кога се урна мостот, најмалку 41 лице загина.

„Allianz“ е мал партнер во конзорциумот кој го осигурал објектот. Уделот е изразен во едноцифрен процент. Во текот на летото на 2017-та година во „Autostrade per l’Italia“ влегува во конзорциумот од „Allianz“, францускиот осигурител „EDF“ и холандскиот фонд „DIF“ – со удел од 6,94%. Германскиот осигурител поседува 60% од акциите во конзорциумот.

Конзорциумот платил минатата година речиси 1 милијарда евра за акциите, пишува „Welt am Sonntag“, цитирајќи ја „Atlantia Group“, главен сопственик на „Autostrade per l’Italia“. Значи излегува дека само „Allianz“ инвестираше над 600 милиони евра во „Autostrade per l’Italia“.

Индикаторот за загубата на вредноста, која може да го загрози германскиот косопственик, може да е цената на акциите на „Atlantia“. Тие привремено се намалија за околу една четвртина.

Главниот сопственик на „Atlantia“ е италијанското семејство Бенетон, кое е познато главно со модениот бренд со исто име. Во моментов, износот на штетата е непознат. Кога „ViaTel“ автопатот беше оштетен во 2004-та година од страна на цистерна која се запали, трошоците за поправка беа околу 30 милиони евра. Но, мостот не беше уништен, како што се случи сега.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП