1 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако врвните пиварници се пробиваат во Африка?

Како врвните пиварници се пробиваат во Африка?

На најсиромашниот континент, кој истовремено е и најбрзо растечкиот пазар на пиво во светот, глобалните пиварите се принудени да измислуваат нови стратегии за да успеат да се пробијат навреме.

Повеќето Африканци не можат да си дозволат пиво, па пиварите како „Anheuser-Busch InBev NV“, „Heineken NV“ и производителот на пивото „Guinness Diageo PLC“ продаваат на други пазари, пишува „The Wall Street Journal“ во својата анализа.

Ова, во комбинација со ризикот од високи даноци на висококвалитетното пиво, кои може да го загрозат профитот, и нестабилните цени на суровината, ги тера пиварите да преферираат поевтини и локални рецепти кои не се препознатливи за повеќето корисници на Запад.

Африка може да претставува 40% од глобалниот обем и раст на профитот за индустрија со пиво во следната деценија, покажува анализата на „Deutsche Bank“. Банката ја наведува пристапноста како клучна тема, бидејќи само 15% од корисниците во Африка можат во моментов да си дозволат да купат пиво. По контракција на половина на цената, уделот на возрасните, кои можат да си дозволат пиво, се зголемува од 15% на 40%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП