27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВечерва „Илијада“ за крај на 58. издание на „Охридско лето“

Вечерва „Илијада“ за крај на 58. издание на „Охридско лето“

Со театарската претстава „Илијада“ од Хомер, во режија на Јернеј Лоренци, а во копродукција на Словенечкиот народен театар – СНГ Драма Љубљана, Цанкарев дом и Градски театар од Словенија вечерва, како што соопштуваат организаторите, ќе биде спуштена завесата на 58. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Претставата ќе се одигра на Античкиот театар со почеток во 21 часот.

Директорот на Словенечкиот народен театар, Игор Самобор, режисерот Јернеј Лоренци и дел од актерската екипа на прес-конференција изразија задоволство што првпат ќе играат под отворено небо и во амбиент што одговара на самата претстава и најавија дека публиката ќе ужива во прекрасен проект.

„Претставата ‘Илијaда’ е иновативна и величествена. Колку што е класична, толку е и инспирирана од европската театарска авангарда, со суптилни совети на модерната историја на Балканот. Изведбата почнува како концертна верзија на една опера, актерите во формална облека седат на столови раскажувајќи ја крвавата историја за ‘Илијада’ на микрофони. Микрофоните не се само за да се збогати звукот на зборовите, туку целата изведба е изградена од музика и поетскиот ритам хексаметар, слично како отчукувањата на срцето и одекот на коњскиот кас. Раскажаниот вовед полека прераснува во едно целосно театарско доживување со една универзална релевантна нишка кое е препознатливо за целата публика“, стои во соопштението од организаторите на „Охридско лето“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП