20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЕдинаесетти пат, од 24 до 26 август, ќе се одржи манифестацијата Карпошово...

Единаесетти пат, од 24 до 26 август, ќе се одржи манифестацијата Карпошово лето

Од 24 до 26 август оваа година Општина Карпош, единаесетти пат, ќе ја организира традиционалната културна манифестација Карпошово лето 2018, соопштуваат од Општината.

На платото во ТЦ „Лептокарија“ граѓаните ќе имаат можност да уживаат во разновидна и богата програма наменета за сите генерации.

Како што се посочува во соопштението, новата енергија и новиот дух во Карпош се чувствуваат од секој аспект. Од таа причина, стои во соопштението, се решивме да им дадеме поголем простор на домашните изведувачи и артисти што импонираат со својот талент, музикалност и мултимедијалност.

Тридневната културна манифестација ќе ја води актерот Сашко Коцев, а карпошани ќе може да уживаат во звуците на македонската поп и рок-музика, етномелосот, како и во програмата наменета за најмладите генерации предводена од „златните славејчиња“ и бендот „Петко 5+“, кои претставуваат белег на урбаното и модерно Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП