20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцертот на „2 челос“ презакажан за 19 октомври

Концертот на „2 челос“ презакажан за 19 октомври

Концертот на „2 челос“ во Скопје, наместо на првичниот закажан датум 6 октомври, ќе се одржи на 19 октомври на истата локација – „ВИП-арената“.

Од „Авалон продукција“ информираат дека причината за промената на датумот е од логистички тип. „Поради концертот на Texas на 28 септември и закажаниот референдум на 30 септември, ние со задоволство ја прифативме оваа понуда концертот да биде подоцна во октомври од првичниот датум“, велат од таму.

Од продукцијата информираат и дека поради падот на серверот, кој е во Америка, „Купи карти за сè“ ги изгубило нумерациите на досегашните продадени билети за трибините, па така сите што досега купиле билети, ќе имаат можност до 3 септември да си ги заменат на продажните места од каде што ги купиле билетите и ќе ги добијат истите седишта за новиот датум.

Исто така, до 3 септември нема да се врши продажба на билети за концертот за трибините за тие да може да се заменат за нови, а билетите од категориите апртер и фан пит остануваат во слободна продажба. Од 3 септември сите слободни билети за трибините ќе бидат пуштени во продажба. Од „Авалон“ велат дека повеќе од половина од капацитетот на „ВИП-арената“ е распродаден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП