19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW подготвува ривал на Porsche Panamerа

BMW подготвува ривал на Porsche Panamerа

По купето од новата „Serieѕ 8“, „BMW“ ќе претстави и кабриолет, но и „Gran Coupe“ верзија која беше забележана за време на тестирањата на патиштата во Германија.

Германскиот производител претходно потврди дека работи на моделот „Serieѕ 8“ со 4 врати, a сега сме во можност да ги погледнеме „шпионски“ фотографии од претпродукциската верзија, сепак и натаму е сокриен под маскирна фолија.

Иако ја користи истата мешаничката платформа, како класично купе, „BMW Serieѕ 8 Gran Coupe“ има поголемо меѓуосовинско растојание со цел да направи доволно места зад широката задна врата, но и за патниците кои седат позади.

Tехничките детали во новиот модел се уште не се познати, но се претпоставува дека ќе се користи моторизацијата на моделот „Serieѕ 8 Coupe“, кој ќе дебитира во јуни.

Toа значи дека на располагање ќе биде 4,4-литарски би-турбо мотор со 530 ks (390 kW), како и шестцилиндарски 3,0-литарски би-турбо дизел кој произведува 320 ks (235 kW). Моторите ќе бидат поврзани со осумбрзински автоматик, а моќта ќе се пренесува на сите 4 тркала, како и кај купето.

„BMW Serieѕ 8 Gran Coupe“ би требало да биде претставен во првата половина од 2019-та година, а ривали ќе му бидат моделите како што се „Porsche Panamera“ или „Mercedes AMG GT 4-door“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП