„Seat“ планира до 2020-та да претстави спортска верзија на својот најмал кросовер кој ќе го има знакот на „Cupra“.
„Cupra Arona“ со високи перформанси ќе ја користи механичката платформа „MQB A0“ на која се базира „VW Polo GTI“.
Под хаубата веројатно ќе се најде четирицилиндарски 2.0-литарски турбо бензинец со околу 200 „коња“, а моќта ќе се пренесува на предните тркала.
„Arona“ ќе претрпи и други промени во однос на стандарната верзија, вклучувајќи вградување на моќни сопирачки и спортска суспензија, што дополнително ќе ги подобри возните карактеристики на поткомпактниот кросовер на „Seat“.
„Cupra Arona“ ќе се разликува визуелно од регуларниот модел и по обновените браници, специјалните алуминиумски бандажи и двата пара издувни цевки.
Кога кон крајот на 2020-та ќе се појави на пазарот, овој автомобилот ќе биде конкурент на сличните модели, како што е „Nissan Juke Nismo“.