АВТОБИЗ

Jaguar Land Rover ќе ги „освежи“ сите модели

Британскиот производител на автомобили „Jaguar Land Rover“ ќе ги „освежи“ сите свои модели во следните шест години.

Во меѓувреме, компанијата која е во индиска сопственост, исто така ќе претстави и четири нови модели.

Наскоро се очекува целосно новиот „Defender“, кој ќе се придружи на „SUV“ моделот на „Jaguar“ во конкурент од „Range Rover“ и електричниот „Range Rover“ ориентиран на теренско возење.

Исто така, во план е и втората генерација на „Range Rover Evoque“ која ќе биде основана на „PTA“ платформата која овозможува бензински, дизел и хибриден погон.

Па така тоа ќе биде првиот модел од „Jaguar Land Rover“ со чистиот „Indenium“ дизел агрегат кој ги претвора 90% од штетните во безопасни гасови.