23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФестивал на староградска музика и вино во Старата битолска чаршија

Фестивал на староградска музика и вино во Старата битолска чаршија

Многу игра, песна и забава го разиграа плоштадот Магнолија во рамките на вчерашниот настап на Фолклорната група „Селенце“ и Народниот оркестар „Фокош“ од Војводина.

Фолклорната група „Селенце“ се вбројува во елитното друштво на фолклорните групи во Војводина. Редовно учествува на најзначајните смотри и натпревари во Војводина, каде редовно се вбројуваат во гала-претстави.

Оркестарот Фокош потекнува од Бечеј, Војводина. Формиран е во 2009 година, како оркестар Чикош, а во 2010 година го добива сегашното име. Исклучително ја свири унгарската народна музика од Војводина.

Настанот се реализираше на предлог на Амбасадата на Унгарија и унгарскиот конзул во Битола, а истиот се вбројува во настаните кои годинава за првпат се реализираат како резултат на соработката со амбасадите и конзуларните претставништва, која Општина Битола ја почна ова лето во рамките на фестивалот „Бит-фест“.

Денеска на програмата на Битолското културно лето „Бит-фест“ во Битола е одржувањето на креативна работилница за уметничка фотографија, организирана од Фото-кино клуб Битола со поддршка на Општина Битола во рамките на Битолското културно лето „Бит-фест 2018“.

Предавачи на работилницата се Димитар Чунговски, Александар Георгиев и Коста Дупчинов.

Денеска и утре на програмата на „Бит-фест“ е Фестивалот на староградска музика и вино во почеток во 21 часот во Стара битолска чаршија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП