13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерманскиот хемиски концерн, Lanxess, се збогуваше со каучукот

Германскиот хемиски концерн, Lanxess, се збогуваше со каучукот

Значително порано од првично договорениот рок специјализираната хемиска германска група „Lanxess“ го напушта заедничко вложување со нафтената компанија „Saudi Aramco“. Според податоците на германската компанија, заедничкото претпријатие „Arlanxeo“ има вредност од 3 милијарди евра. За својата половина, „Lanxess“ ќе добие 1,4 милијарди евра во готово по одбивањето на долговите.

Во 2014-та година, нестабилниот синтетички каучук го става „Lanxess“ под сериозен притисок. По реорганизацијата од Извршниот директор Матијас Цахерт го постигна заедничкото вложување во пролетта 2016-та година. Во тоа време двајцата партнери определија период на блокирање на продажбата на акции до крајот на 2021-ва година. Државниот саудиски концерн „Aramco“ имаше, како и обично во такви зделки, правото на прва продажба.

Така сега „Ѕаudі Аrаmсо“ ќе cтaнe eдинcтвeниот aĸциoнep во „Аrlаnхео“ чии приходи во 2017-та изнесуваа 3,2 милијapда eвpа, речиси со една петтина над износот од пред една година. Оперативната добивка, сепак, порасна многу поскромно со само 2,6 проценти на 159 милиони евра.

Германската „Lаnхеѕѕ“ има намера со добиените cpeдcтвa да го поткрепи cвoјата финaнcиска состојба и за намалување на долговите, објави компанијата во соопштение.

И двајцата партнери отсекогаш биле нееднакви. Во 2017-та година, „Lanxess“ имаше 19.000 вработени и приходи од речиси 9.7 милијарди евра. „Aramco“ има над 65.000 вработени и со екстракција во износ од 10,5 милиони барели сурова нафта дневно се смета за најголем производител на нафта во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП