Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

„Радомировиот псалтир“ вечерва во предворјето на „Света Софија“

Време: 10:01

Датум: август 8, 2018

Категорија: КУЛТУРА

Ораториумот „Радомировиот псалтир“ op. 47 од Димитрије Бужаровски вечерва ќе биде изведен во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“.

Ќе настапат сопранистките Весна Ѓиновска Илкова и Славица Петровска Галиќ, тенорот Благој Нацоски, басот Владимир Саздовски заедно со Оркестар и хор на Македонска опера и балет и Детски хор „Пиколо“.Диригент на вечерта е Бисера Чадловска.

„Радомировиот псалтир“ op. 47 од Димитрије Бужаровски е изработен врз текстот на ѓаконот Радомир од втората половина на XIII век. Тој се смета за еден од последните старословенски ракописи кои се испишани во старата кирилометодиевска традиција кои потекнуваат од Македонија. Бужаровски користи неколку псалми и оригиналните текстови на Радомир за слободно да го конципира сижето на овој ораториум. Димитрие Бужаровски (1952) е еден од најплодните македонски композитори со над 70 опуси во кои спаѓаат и четири симфонии, три ораториума, седум концерти, две опери и два балета, поголем број на сонати и циклуси на соло песни. Ораториумот „Радомировиот псалтир“ е единственото македонско дело кое било номинирано за најпрестижната светска награда за композиција „Grawemeyer Award“ во 2003 година од американскиот универзитет Луизијана тех.

Псалтирот ќе биде изведен од хорот и оркестарот на Македонската опера и балет, предводени од диригентката Бисера Чадловска. Како солисти ќе настапат сопраните Славица Петровска Галиќ, Весна Ѓиновска Илкова, тенорот Благој Нацоски и басот Владимир Саздовски, сите со впечатлива меѓународна изведувачка кариера. Во изведбата учествува и хорот „Пиколо“ подготвен од Весна Димчевска.

Концертот ќе се одржи во Предворјето на црквата „Света Софија“, со почеток во 21 часот.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Изложба на дела од ,,Југословенската збирка” на Националната галерија на Македонија

    Изложба на дела од ,,Југословенската збирка” на Националната галерија на Македонија

    Во објектот Чифте амам, во 19 часот ќе се отвори изложбата со наслов „Дела од словенечки, хрватски, српски, црногорски и босанско-херцеговски автори“ од колекцијата на…

  • Единаесет години без Тоше

    Единаесет години без Тоше

    Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред единаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова…

  • Изложба „Конзулска Битола од првиот Австриски конзулат до Првата светска војна”

    Изложба „Конзулска Битола од првиот Австриски конзулат до Првата светска војна”

    Синоќа во малата сала на Завој и Музеј Битола, беше отворена изложбата „Конзулска Битола од првиот Австриски конзулат до Првата светска војна 1851-1919“, чии организатори…

  • „Хармонија мунди“ – атрактивен видео-аудио настан на Македонската филхармонија

    „Хармонија мунди“ – атрактивен видео-аудио настан на Македонската филхармонија

    Македонската филхармонија во 20 часот ќе го одржи симфонискиот концерт „Хармонија мунди“, кој ќе претстави атрактивен, уникатен видео-аудиоперформанс. Под диригентската палка на маестро Емил Табаков,…

  • Поради големиот интерес, закажана е уште една претстава на комедијата ,,Кој е тука идиот”

    Поради големиот интерес, закажана е уште една претстава на комедијата ,,Кој е тука идиот”

    Театарската  хит-претстава ,,Кој е тука идиот” ќе биде одиграна на 1 ноември, во Дом на АРМ во Скопје, со почеток во 20 часот. Билетите за…

  • „Преспав“ не спие – започна снимањето на третата сезона

    „Преспав“ не спие – започна снимањето на третата сезона

    Започна снимањето на третата сезона на ситкомот „Преспав“ кој меѓу телевизиските серии доживеа најголем успех. Со почесно присуство на амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел…

  • Концерт на „Камерно дуо“ во Софија

    Концерт на „Камерно дуо“ во Софија

    Концертот на „Камерно дуо“, составено од музичарите Арјана Куриу Груби (пијано) и Блерим Груби (виола), ќе се одржи во КИЦ на Република Македонија во Софија…

  • „Хармонија мунди“ – атрактивен видео-аудио настан на Македонската филхармонија

    „Хармонија мунди“ – атрактивен видео-аудио настан на Македонската филхармонија

    На 12 октомври во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи симфонискиот концерт „Хармонија мунди“, кој ќе претстави атрактивен, уникатен видео-аудио перформанс. Под диригентската палка…

  • „Синиот портокал“ на „Бела ноќ“ во Скопје

    „Синиот портокал“ на „Бела ноќ“ во Скопје

    Во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 20 часот, театарот „Јордан Х.К. – Џинот“ од Велес ќе настапи на манифестацијата „Бела ноќ“ со претставата…

  • „Кавалерија рустикана“ на сцената на МОБ

    „Кавалерија рустикана“ на сцената на МОБ

    На 10 октомври, среда, на сцената на Македонската опера и балет публиката повторно ќе се сретне со „Кавалерија рустикана“ од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи. Во…