27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПрекрасна изведба на делата на Бах синоќа на „Охридско лето“

Прекрасна изведба на делата на Бах синоќа на „Охридско лето“

Прекрасен концерт, голем интерес од страна на публиката и дела од Бах кои беа прецизно изведени, ваков беше амбиентот синоќа црквата „Света Софија“ каде што музицираа големите руски уметници Александар Књазев, Сергеј Крилов и Николај Лугански.

Руското трио изведе прилично тешка програма, но со впечатлива интерпретација преку што можеше да се почувствува длабочината на творечкиот дух на врвниот композитор Јохан Себастијан Бах.

„Се чувствувавме навистина комфорно на оваа сцена, но програмата беше многу тешка дури и за луѓето кои потполно владеат со инструментите. Секако, ние уживавме, но не е доволен целиот живот за да ја доловиме оваа музика. Многу ми е мило што свиревме совршено и моите колеги навистина ме поддржаа со свирењето. Успеавме и публиката да ја задржиме во оваа вечер на Брамс“, изјави виолинистот Сергеј Крилов.

Волшебното музицирање, лириката и тоналната убавина во свирењето припаѓаат на квалитетите што му го обезбедија местото на Сергеј Крилов меѓу најреномираните изведувачи на денешницата.

Лауреатот на бројни интернационални натпревари, Русинот Александар Књазев е еден од најдобрите виолончелисти на денешницата. Неговите настапи низ светот постојано добиваат одобрувања од публиката и критиката. Николај Лугански критичарите го опишуваат како пијанист со исклучителна префинетост и чувствителност, со „кристална убавина“ во свирењето слична на онаа што ја имале големите Моцарт и Шопен, како и виртуозност што потсетува на Рахмањинов и на Прокофјев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП