27 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтигнува првиот кинески спортист на „приклучок“ (видео)

Стигнува првиот кинески спортист на „приклучок“ (видео)

Aко ја изземеме хрватската компанија „Rimac“, првата која конструираше и започна со производство на електричен суперспортски автомобил, дури и „Tesla“ со својот „Roadster“ се осмели да се појави на пазарот со спортски автомобил на „приклучок“. Останатите се задржаа на прототипови и студии.

Тоа би можело наскоро да се промени. Кинеската компанија „Qiantu Motor“ официјално потврди дека нивниот долго најавуван модел „K50“ ќе се појави на пазарот на 8-ми август.

Прототипот на овој автомобил за прв пат беше претставен во 2014-та, од кога започна развојот на овој модел. За тоа време напревени се бројни модификации и подобрувања, но основната линија на автомобилот остана непроменета.

„K50“ има два електрични мотори, еден над предната, а вториот над задната осовина. Секој од нив развива 190 коњски сили и има вртежен момент од 290 Nm. Моќта се активира со „boost“ функцијата која се зголемува на 218 KS, a вртежниот момент на 340 Nm по мотор.

Производителот наведува дека максималната брзина на автомобилот е 200 km/h, a забрзувањето од 0 сo 100 km/h трае 4,6 секунди.

Интернет страната „Car News China“ пишува дека автономијата на „Qiantu K50“, според „NEDC“ стандардите, со едно полнење изнесува 380 километри. Производителот, меѓутоа, наведвува дека со едно полнење возилото може да мине и 510 километри доколку се вози со константна брзина (по што кинескиот производител подразбира брзина од 60 km/h).

Каросеријата на овој автомобил е изработена од јаглеродни влакна, а димензиите на автомобилот се должина од 4.634 mm, ширина од 2.069 mm и висина од 1.253 mm. „K50“ е тежок 1.960 килограми.

Официјалната цена на возилото се уште не е позната, но „Car News China“ наведува дека таа би можела да биде околу 1 милион јуани, односно околу 125.000 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП