26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVitara доби суптилна „шминка“, но и нови мотори (фото+видео)

Vitara доби суптилна „шминка“, но и нови мотори (фото+видео)

По четири години од претставувањето на авто-саемот во Париз, четвртата генерација на „Suzuki Vitarа“ доби редизајн.

Задолжителните ажурирања на „Suzuki“ на надворешниот дел на автомобилот се редизајнираната предна маска, модифицираниот браник, новите стоп-светла и две нови бои во палетата.

Јапонскиот производител исто така ја редизајнираше инструмент таблата, која сега има централен информациски дисплеј во боја.

Покрај тоа, возилото има мека пластика во внатрешноста, додека од „Suzuki“ најавуваат и „нова технологија“ за септември, кога автомобилот и официјално ќе биде претставен.

„Vitara“ зa 2019-та од агрегати ќе има 1,0-литарски и 1,4-литарски бензинци со турбополначи, кои се претставени во „S-Cross“ моделот на крајот на минатата година и служат како замена за 1,6-литарскиот мотор.

„Suzuki“ се уште не ги дефинираше пакетите на опрема, но „SZ4“ и „SZ-T“ ќе имаат 1,0-литарска едниница која испорачува 110 KS, додека верзијата „AllGrip“ со погон на сите четири тркала ќе биде достапна изборно со „SZ-T“ пакетот со мануелен менувач.

Што се однесува до „SZ5“, тој ќе добие 1,4-литарска единица која развива 140 KS и 220 Nm вртежен момент, достапни веќе од 1.500 вртежи во минута до 4.000 rpm.

Стандардната опрема вклучува систем за предупредување за наупштање на лентата, препознавање на сообраќајните знаци, монитор за мртвата точка, предупредување за минување на возило при возење наназад и двојни сензори за сопирачка поддршка.

Цената редизајнираниот најпопуларен модел на „Suzuki“ ќе биде дополнително соопштена.

„Suzuki“ продаде повеќе од 3,7 милиони единици од „Vitarа“ во 191 земји и региони од светот. Јапонската компанија е осмиот најголем авто-бренд во светот со 3,16 милиони продадени возила во 2017-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП