2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir Asia X ја проширува флотата и воведува нови летови

Air Asia X ја проширува флотата и воведува нови летови

airasia_0

Малезиската нискобуџетна авиокомпанија „Air Asia X“ планира да потроши 418 милиони долари за зголемување на својата флота за една третина и со тоа да воведат нови летови со што би ја задоволиле побарувачката во азиско-пацифичкиот регион.

Оваа компанија која ја основа тајкунот Тони Фернандес се очекува по пат на иницијални јавни понуди да собере доволно средства за да ги остварат нивните планови.

„Се проценува со продажбата на акција по цена од 1.45 рингит (0.47 долари) да бидат собрани околу 1.1 милијарди и 1.3 милијарди рингити“ изјави Назир Разак.

„Air Asia X“ во наредните четири години ќе порача 23 авиони на Ербас од типот А330-330, како и 10 од типот А350-900.

Компанијата исто така ќе го зголеми своето присуство на пазарите како што се Австралија, Кина, Тајван, Кореја и Јапонија, додавајќи ги и новите летови кон Аделаида во Австралија, Нагоја и Фукуоки во Јапонија и Басан во Јужна Кореја.

Оваа авиокомпанија моментално има 10 авиони на Ербас и лета на 14 дестинации во тој регион, вклучувајќи ги Австралија, Кина, Јапонија и Саудиска Арабија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП