21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗУникатниот Pagani Zonda HP Barchetta е најскапиот автомобил во светот (фото)

Уникатниот Pagani Zonda HP Barchetta е најскапиот автомобил во светот (фото)

Суперавтомобилот Pagani Zonda HP Barchetta е најскапиот нов автомобил во светот. Ова беше објавено во интервјуот за „Top Gear“, на шефот на брендот, Хорацио Пагани, кој го процени моделот на 15 милиони евра. Така го надминува еднинствениот примерок на „Rolls-Royce Sweptail“, кој чини 11,2 милиони евра.

Три паримероци ќе бидат направени од „Barchetta“, од кои едниот ќе му припаѓа само на Хорацио Пагани. Автомобилот се разликува од стандардната „Zonda“ во отсуството на покрив, предните седишта и дополнителната аеродинамична заштита на задните тркала изработена од карбон.

Внатрешноста на моделот на Хорацио, кој е веќе подготвен, е во беж боја. Седиштата се позајмени од „Huayra BC“ и се исто така во беж боја. На погонот на овој модел доаѓа од 6.0-литарскиот twin-turbo V12, чија моќност е 800 КС. Тој е во комбинација со 6-брзински мануелен менувач.

Моделот „Zonda“ се произведува во периодот 1999-2011-та година, а најновата верзија е „Tricolore“, но потоа компанијата прави ексклузивни прилагодувања за клиентите. Последниот од нив е под број 33 и се произведува за еден од корисниците на руското тјунинг-ателје „TopCar“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП