18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПочина поранешниот извршен директор на Fiat и Chrysler

Почина поранешниот извршен директор на Fiat и Chrysler

Легендата во автомобилската индустрија Серџо Маркионе, кој ги обедини „Fiat“ и „Chrysler“ во една компанија, почина денеска на 66-годишна возраст.

„За жал, тоа од што се плашевме, се случи. Човекот и наш пријател Серџо Маркионе си почина“, објави во специјално соопштение Џон Елкан, член на фамилијата Ањели, основачи на „Fiat“.

Во саботата од „FCA“ најавија ненадејното заминување на Маркионе од функцијата извршен директор, истакнувајќи ги како причина „неочекуваните компликации“, додека се опоравувал од операција, информира „CNN“.

Маркионе исто така беше извршен директор на „Ferrari“.

„FCA“ и „Ferrari“ објавија кои ќе бидат наследниците на неговата позиција во двете компании.

Во текот на неговата долга кариера, Маркионе остави неизбришлив белег во индустријата. Тој беше главен извршен директор на „Fiat“ кога го купи „Chrysler“, кој беше во банкрот во 2009-та година. Двете компании се споија пред околу четири години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП