2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi Q3 порасна, но ги загуби моторите (фото+видео)

Audi Q3 порасна, но ги загуби моторите (фото+видео)

Премиум-брендот на концернот „Volkswagen Group“ – „Audi“, официјално ја претстави новата генерација на компактниот кросовер „Q3“. Моделот пораснал во димензии, добил и нови електронски асистенти и системи за безбедност, но останал без некои од понудените до моментов мотори.

Визуелно новиот „Q3“ во голема мера личи на мал „Q8“, бидејќи решетката на ладилникот, оптиката, браникот со отвори за воздух и дури страничните ретровизори се направени во истиот стил. Промените одзади не се толку радикални, а највпечатлив е новиот издувен систем, кој е интегриран во браникот.

Компактниот кросовер значително ги зголеми своите димензии. Должината му е 4.485 мм (+97 мм), широчината е 1.856 мм (+25 мм), а висината е 1.585 мм (-5 мм). Растојанието помеѓу двете оски достигнува 2.680 мм (+77 мм), благодарение на кое има повеќе место за патниците на задните седишта. Во зависност од положбата на вториот ред седишта, обемот на багажникот варира од 530 до 675 литри (кај првата генерација тој беше 420 литри).

Досега „Audi Q3“ се предлагаше со бензински мотори со зафатнина од 1,4 и 2,0 литри (без верзијата „RS“), со моќност од 150, 180, 200 и 220 КС, како и со турбодизел со зафатнина од 2,0 литри, чија моќност е 120, 150 и 184 КС. Новата генерација ќе има само 3 бензински мотори и еден турбодизел, а од „Audi“ засега не ги откриваат нивните карактеристики.

Се знае само дека најмоќната бензинска верзија ќе добие 230 КС. Моторите ќе се комбинираат со 6-брзински мануелен менувач или со автоматски „S-tronic“ менувач со 7 брзини. Од палетата отпаѓа 6-брзинскиот автоматски „Aisin TF-60SN“ кој се нудеше за Северна Америка.

Новиот „Q3“ е опремен со последна верзија на мултимедијалниот систем „MMI“. Во основната верзија се вклучени екран со дијагонала од 8,8 инчи, а кај топ-варијантите е поставен 10,1-инчен дисплеј. Системот поддржува „Android Auto“ и „Apple CarPlay“, „Wi-Fi hotspot“, „LTE“, навигација „Google Earth“ и „DAB“-радио. Освен тоа мултимедијалниот систем работи со „myAudi app“, благодарение на што автомобилот може да се поврзе со смартфон.

Досегашниот дигитален Инструменти панел на кросоверот го отстапува местото на дигиталниот „Audi virtual cockpit“. Во основната варијанта тој располага со 10,25-инчен дисплеј, а како опција се нуди 12,3-инчниот аудио систем „Bang & Olufsen“ од 680 вати.

Втората генерација на „Audi Q3“ има адаптивен круз-контрол (во верзијата со „S-tronic“), кој следи за сообраќајните прописи, а исто така и одржува растојание од возилото напред во метеж. Има и систем од камери за кружен мониторинг, како и нов систем за помош при паркирање. За безбедноста одговара и системот за избегнување на судир, а исто така достапен е во основната верзија.

Производството на овој модел ќе биде во Унгарија, а со продажба во Европа ќе започне од ноември. Се очекува до тогаш да бидат познати и цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП