2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes планира одговор на Range Rover Sport

Mercedes планира одговор на Range Rover Sport

Германскиот гигант „Mercedes-Benz“ би можел дополнително да ја прошири својата понуда на кросовер и „SUV“ возила.

Како што пренесува „Auto Bild“, во Штутгарт ја разгледува можноста за „GLG“ моделот кој би бил базиран на „GLE“ и ќе претставува конкуренција на „Range Rover Sport“.

За разлика од останатите „SUV“ модели на „Mercedes“, „GLG“ би бил повеќе фокусиран на теренско возење, но и натаму би нудел соодветни перформанси.

Со цел да парира на „Range Rover“, „Mercedes“ својот „SUV“ би го опремил со прилагодлива воздушна суспензија, како стандарден дел од опремата, три диференцијали и планира развој на посебен пакет на технологија за теренско возење.

Со оглед на следната генерација на „GLE“, на која ќе биде базиран, нема да пристигне пред 2020-та, тешко е да се очекува пристигнувањето на „GLG“ за помалку од 4-5 години.

Покрај „GLG“, „Mercedes“ веќе работи на помала верзија на „G Сlasѕ“ која ќе се нарекува „GLB“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП