28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗаврши „Бич филм фестивал“- успешна синтеза на филмската и летната магија

Заврши „Бич филм фестивал“- успешна синтеза на филмската и летната магија

Филмската магија зачинета со летниот плажен амбиент во Оревче во Охрид, покажа дека првото издание на „Бич филм-фестивал“ е полн погодок и за културна и за туристичка афирмација на земјата. Со проекција на филмското платно поставено покрај самото езеро, во неделата со филмскиот македонски хит „Исцелитет“ се заокружи овој четиридневен филмски фестивал кој и со својата содржина и концепт се наметна како нова културна дестинација.

Работилници, филмски проекции на отворено, средби на филмаџии и одлична музичка програма беа во фокусот на збиднувањата а на последната фестивалска вечер жирито составено од Јелена Јованова, Марјан Алчевски и Весна Дамчевска ги додели наградите, во категориите победник во долгометражен игран филм е “Осмиот комесар” на режисерот Иван Салај, за најдобар краткометражен игран филм наградата отиде кај “Ready to go” на режисерката Линда Рајс а со наградата за најдобар анимиран краткометражен филм се закити филмот “Кружното патување на монахот” на режисерот Жарко Иванов.

Публиката што го следеше овој фестивал беше од различни генерации а не беше мал бројот и на странски посетители кои со посебно задоволство ја проследија проекцијата на на филмот „Холидеј” на бродот „Галеб”, кој за време на прикажувањето пловеше на релација Охрид – плажа „Оревче“.

По проекциите, следуваа бројни музички содржини со настапи на македонски и меѓународни изведувачи а за самиот експлозивен настап имаше групата „Фотлин“. Во рамките на „Бич филмфестивал” се одржаа работилници за актерска игра за средношколци, за документарен филм, за основите на создавањето документарен филм, продукција, режија, работилница за актерска игра за деца од 11 до 14 години.

Иако концептот на фестивалот, селекцијата и изборот на филмови и воопшто целата физиономија треба да се дообличи, „Бич филм фестивал“ е освежување во мапата на културни манифестации и ветува дека може да се развие во значаен фествал.

Во рамките на фестивалот по прв пат се случија и регионални средби на канцелариите на МЕДИА програмата за поддршка на продукциите со мал продукциски капацитет и беа разменети искуства за продукциската дејност, можностите за вмрежување и слични соработки.

Фестивалот за прв пат беше поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија како дел од стратегијата за поддршка на оригинални идеи и популаризација на филмската уметност и интензивирање на меѓународна соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП