28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСите М модели ќе бидат електрифицирани

Сите М модели ќе бидат електрифицирани

Германскиот гигант „BMW“ планира да го електрифицира секој модел од својата „M“ спортска дивизија.

Директорот на „M“ дивизијата на баварскиот производител, Франк ван Мел најави дека „BMW“ тоа ќе го реализира до крајот на следната деценија.

„BMW M“ е прва асоцијација на спортска „DNK“, моќни мотори, заден погон (новиот „М5“ има на сите 4 тркала), фантастичен дизајн.

Баварците во претходните денови најавија дека размислуваат за тоа новите генерации на „М“ возила да имаат и погон на предната осовина, а додека е тоа само план, и тоа ограничен на одредени модели, електрификацијата е загарантирана.

„Тоа че се случи чекор по чекор. Важно прашање е тајмингот, које вистинскиот момент за тоа? Доколку задоцниме, тогаш многу доцниме, ако побрзаме, тогаш нема да имаме врвна технологија. Денешните компоненти за електрификација на возилата се значително тешки, а за нас во спортскиот сектор тежината и односот на моќта на возилата се клучни“, вели Ван Мел.

„BMW“ на големо влезе во програмата за електрификација на своите модели, а планира до 2025-та „EV“ возилата ќе претставуваат 15-25% од целата линија.

„Основаната цел не е толку во компонентите и технологиите, туку во филозофијата. Сакаме „М3“ да биде „М3““, заклучи директорот на „BMW M“ дивизијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП