1 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПретставата „Вдовицата се мажи“ на Скопско лето

Претставата „Вдовицата се мажи“ на Скопско лето

Вечерва на Скопско лето ќе се одигра театарската претстава „Вдовицата се мажи“, според „Мечка“ од А.П.Чехов, во Театар „Комедија“, со почеток во 20 часот. Претставата има добиено две награди на интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ во Москва, и тоа за најдобра странска претстава и за најдобар актерски ансамбл.

Претставата е во продукција на НУЦК Театар „Јордан Х.К. – Џинот“ од Велес, во режија и адаптација на Младен Крстевски.

„Вдовицата се мажи“ е адаптација на едночинката „Мечка“ од Антон Павлович Чехов, напишана во 1888 година. Претстава што на комичен и атрактивен начин за гледање ја раскажува приказната за вдовицата Попова, која седум месеци е во траур по смртта на сопругот и одбива да излезе од имотот и да прима посети. Комуницира единствено и само со својот лакеј Лука и вработените на имотот. Кај неа ненадејно доаѓа Смирнов, артилериски поручник во оставка и кредитор, кој си ги бара назад парите што му ги должи покојниот сопруг на Попова. „Вдовицата се мажи“ е комедија на карактери, која изобилува со брзи дијалози, силни емоции и ненадејни пресврти. Претстава за едноставната комплексност на човековата природа, за тенката граница помеѓу омразата и страста, за човекот што честопати знае да биде чуден, а прекрасен и туѓ на себеси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП