25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVW Golf GTI оди во историјата

VW Golf GTI оди во историјата

Германскиот гигант „Vollswagen“ ја запре продажбата на основната верзија на „Golf GTI“ од седмата генерација, затоа што не ги исполнува новата „WLTP“ норма на емисијата за штетни гасови.

Информациите за моделот веќе се отстранети од официјалната веб страница на производителот во Германија. На него семејството „GTI“ е претставено само со поскапата и помоќната модификација „GTI Performance“, која е опремена со мотор од 245 КС (15 КС повеќе од стандардниот „Golf GTI“).

Според информациите, сегашната генерација „VW Golf GTI“ нема да се врати во моделот, бидејќи премиерата на следната генерација на моделот е предвидена во 2019-та година. Затоа и производителот ќе се насочи кон правање на нов „хот-хеч“, наместо да троши ресурси за промени во рамките на сегашната „GTI“.

Истото ќе се случи и во „Skoda“, која нуди технички „близнак“ на „Golf GTI“ – „Octavia RS“. Исто така, моделот ќе стане „жртва“ на новата светска хармонизирана процедура за тестирање на штетните емисии (WLTP), која станува задолжителна за сите нови автомобили од 1-ви септември.

Поради новите барања, „Volkswagen“ ќе ја намали за 10 КС моќта на уште една верзија – „Golf R“. Слично на тоа ќе постапи и „Seat“ која го зема моторот за „Leon Cupra“. Исто така и „BMW“ го прекина производството на „М3“, а „Peugeot“ привремено го прекина производството на „308 GTi“. Компанијата „Porsche“ пак престана да прима нарачки за сите свои модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП