Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хјунг Мин, го продолжи договорот со клубот од северен Лондон.
Клубот објави дека репрезентативецот на Јужна Кореја се обврзал да игра во Тотенхем до 2023 година.
Сон (26), во Тотенхем пристигна во 2015 година од Баер Леверкузен. За клубот од Лондон одиграл 99 натпревари и постигнал 30 гола.
Професионалната кариера Сон ја започнал во Хамбург, каде како 16-годишник дошол од Сеул.