20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDomino's планира експанзија

Domino’s планира експанзија

Синџирот пицерии „Domino’s Pizza“ изјави дека ќе ги забрза капиталните трошоци во оваа година, додека се подготвува за отворањето на над 2.000 нови објекти во САД во текот на следната деценија.

Веста беше објавена од новиот извршен директор Ричард Алисон по откривањето на извештајот на компанијата, кој покажа послаби од очекуваните приходи од продажба во вториот квартал.

„Гледаме можност да го прошириме значително уделот во индустријата“, коментира Алисон, додавајќи дека компанијата има потенцијал да ги зголеми своите 5.692 објекти во САД до 8.000 во претстојните 10 години.

На крајот на оваа година компанијата ќе ги открие информации за двата нови центари за снабдување, кои произведуваат стоки за нејзините трговски објекти, како кутии, униформи на вработените и друго.

За вториот квартал компанијата објави раст од 24% на приходите од продажба до 779,4 милиони долари, што се покажа под консензус прогнозата на аналитичарите за 786,3 милиони долари.

Добивката по акција за соодветниот период е 1,78 долари, што ги надмина очекуваните 1,74 долари.

Одложувањето на приходите од продажбата е дојдена главно од меѓународните пазари, каде како продажбата, така и отворање на нови ресторани биле помалку од очекуваното.

Растот на споредливата меѓународна продажба е 4 проценти и е под прогнозата за 5,1%.

Послабите резултати покажаа притисок врз акциите чија вредност се намали за скоро 4 отсто за време на раната трговија, но подоцна се тргуваа за 280,27 долари, или 1,2% надолу.

Глобалната продажба на „Domino’s“ ги надмина оние на „Pizza Hut“ за прв пат во 2017-та година, а Алисон планира да додаде уште 2.000 трговски објекти, што покажува дека е подготвен да се брани пазарниот удел од играчи, како „GrubHub“ и „DoorDash“ кои уживаат технолошки иновации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП