16 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Охрид почнува првото издание на „Бич филм-фестивал“

Во Охрид почнува првото издание на „Бич филм-фестивал“

Со проекција на хрватскиот филм „Осмиот комесар”, на која ќе присуствува и режисерот Иван Салај, вечерва на плажата „Оревче“ на брегот на Охридското Езеро ќе биде отворено првото издание на „Бич филм-фестивал“.

Како што предвидува програмата на натпреварувачкиот дел на фестивалот, во текот на четирите фестивалски вечери ќе бидат прикажани филмски остварувања на режисери од повеќе држави од Европа и пошироко, а манифестацијата предвидува и ревијален дел со проекција на интересни филмови. Посебна атракција за посетителите ќе биде проекцијата на филмот „Холидеј” на бродот „Галеб”, кој за време на прикажувањето ќе плови на релација Охрид – плажа „Оревче“.

Предвидено е по секоја проекција на филмовите да следат интересни содржини со настапи на македонски и меѓународни изведувачи како RIB, Cyrillic, Palindrom, DJ Klara Vedis, Sajsi MC, Foltin…

Во рамки на „Бич филм-фестивал” предвидени се и дневни активности, со работилници за актерска игра за средношколци, за документарен филм на која студентите ќе можат да научат повеќе за основите на создавањето документарен филм, продукција, режија, работилница за актерска игра за деца од 11 до 14 години.

За сите заинтересирани посетители на „Бич филм-фестивал“ организаторот има обезбедено бесплатен превоз од Охрид за секој ден од фестивалот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП