Швајцарскиот гигант за цасовници објави рекордни приходи во првата половина од годината.
“Swatch” е препознатлив по своите пластични часовници со енергични бои, но исто така поседува и неколку луксузни брендови, вклучувајќи ги и “Breguet” и “Omega”.
Компанијата бечежеше пад во продажбата годините наназад бидејќи купувачите од целиот свет се ориентираа кон паметните телефони и паметните часовници.
Ситуацијата сега е обратна поради високата побарувачка за часовници во Азија и Северна Америка. Нето продажбата се зголеми за 14,7 проценти и изнесуваше 4,27 милијарди франци.
Нето добивката се зголеми за 66,5 отсто на 468 милиони франци, а оперативната добивка се зголеми за 69,5 отсто и изнесува 629 милиони франци.
Компанијата додаде дека очекува дополнителен раст на продажбата во втората половина од годината.