19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТриумф на малиот SUV: Nissan го направи милионитиот Juke

Триумф на малиот SUV: Nissan го направи милионитиот Juke

Од фабриката во Сандерленд на секои 105 секунди излегува по еден примерок на моделот „Juke“.

„Nissan“ беше меѓу првите производители на автомобили кои направија чекор во сегментот на поткомпактни „SUV“/кросовер возила, класа која во последниве десетина години доживеа огромен раст во популарноста ширум светот, а особено во Европа.

На Стариот континент во 2017-та се испорачани 95.000 примероци од малиот „SUV“ на „Nissan“.

Првиот „Juke“ е произведен во британската фабрика на „Nissan“ во 2010-та година, а на јапонската компанија и беа потребни само осум години во овој погон да направи милион возила.

Јубилејниот автомобил е со сина боја и е опремен со пакетот „Tekna“.

Интересно е дека „Juke“ е веќе долго време на пазарот без значителни стилски промени, но со технолошки подобрувања, па и скоро по една деценија е многу популарен меѓу купувачите на овој вид возила. Освен во Велика Британија, моделот се составува и во Јапонија и Индонезија.

„Nissan“ во Сандерленд произведува уште еден „SUV“/кросовер, кој е дури повеќе баран и од моделот „Juke“. Станува збор за малку поголемиот „Qashqai“ чија прва генерација беше лансирана во 2006-та, додека актуелната верзија се изработува од 2013-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП