29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПогледнете во работилницата во која се доработуваат моделите на Mercedes (видео)

Погледнете во работилницата во која се доработуваат моделите на Mercedes (видео)

За купувачите на кои дури ни новите „Mercedes“ модели во нивната фабричка состојба не се доволно добри, тука е „Brabus“ да има ги исполни сите желби.

„Brabus“ е најголемата и најпознатата компанија за доработка на возила од брендот „Mercedes“, но и „Smart“ автомобилите.

Oваа компанија е основана во 1977-ма, со седиште во градот Ботроп, која во Германија вработува околу 200 работници и уште толку ширум светот.

Основна дејност на „Brabus“ е подобрување на постоечките сериски модели на „Mercedes“ и „Smart“, a своите производи компанијата ги пласира на преку 100 светски пазари.

„Brabus“ го доработува практички секој модел кој ќе излезе од фабриката на германскиот авто-гигант, од лимузини, преку „SUV“ и теренски возила, па се до комбиња.

Клиентите кои сакаат нивниот „Mercedes“ да добие дополнителна коњска сила, но и различни подобрувања од козметичка природа, можат директно да нарачаат возило од „Brabus“ или можат да го донесат својот веќе купен автомобил да биде доработен.

Меѓу бројните додатоци кои се во понудата, може да се вградат специјални аеродинамички елементи, компоненти од карбон, моќни сопирачки, спортски издувен систем…

Покрај тоа, „Brabus“ ги доработува и олдтајмерите на „Mercedes“.

Благодарејќи на видеото кое го објави „Autogefuhl“, имаме можност да погледнеме како изгледа работилницата на „Brabus“.

На снимката може да се забележат и одредени модели на британски премиум брендови, кои се доработуваат во рамките на одделението на „Brabus“ – „Startech“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП