28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNorthrop останува оптимист во врска со договорот од 2,5 милијарди долари со...

Northrop останува оптимист во врска со договорот од 2,5 милијарди долари со Германија

Компанијата „Northrop Grumman“ гледа оптимистички на изгледите за продажба на својот безпилотен систем за надгледување „Triton MQ-4C“ на Германија, но вели дека трансакцијата може да трае неколку години.

Германската влада работи во тесна соработка со американската морнарица за придвижување на договорот, откако американскиот „Стејт Департмент“ во април ја дозволи продажбата на четири дрона во вредност 2,5 милијарди долари, вели Брајан Чапел, секторски потпретседател и генерален менаџер на автономниот систем во „Northrop“ , цитиран од „Ројтерс“.

„Northrop“ и одделот на „Airbus Se“ – „Airbus Defense and Space“ се обединија во развојот на програмата „Пегас“ за да и помогнат на Германија да ги зголеми своите можности за следење. Беспилотниот авион ќе полета од земја и ќе биде програмиран да лета автономно на надморска височина од 18 км, како и собирање на широк спектар на разузнавачки податоци.

Германската влада планира да купи четири беспилотни летала, од кои три ќе бидат опремени со сензори и системи создадени од „Airbus“. Испораката се очекува да се случи во 2025-та година, според владините документи што ги споделува „Ројтерс“.

Одлуката уследи по откажувањето на плановите за купување на дронот „Global Hawk“ од Германија, откако стана јасно дека одобрението за пристап на новиот систем до граѓанскиот воздушен простор ќе чини 600 милиони евра.

Чапел беше свесен дека целиот процес, вклучувајќи ги подготовките за сертификација на употребата на беспилотни летала во цивилен простор, продолжува со добрата динамика.

„Германската влада знае што сака“, коментира Чапел за време на авио-шоуто во Фарнбароу и додаде: „Ние ќе бидеме внимателни и ќе се увериме дека ја стартуваме програмата, која ќе има успех, бидејќи никој не сака да има повторно проблеми“.

Чапел додаде дека темелите веќе беа поставени од двете страни, кои заедно соработуваа за да го завршат договорот.

„Нашите домашни се напишани и ние веќе работиме на затворање на договорот“, рече тој.

Извори на германската влада велат дека ќе биде поевтино да се добие одобрение за воздухопловство за „Triton“, а процесот се „пече“ од самиот почеток на програмата.

„Northrop“ го разви „Triton“, морска верзија на „Global Hawk“, за американската морнарица според договорот, кој беше подготвен во 2008-ма година.

Пред еден месец Австралија изјави дека би сакала да купи шест парчиња од истиот модел, за да ги засили своите морски патроли, а првичната инвестиција изнесува 1 милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП