29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНајпознати руски квартети вечерва на „Охридско лето“

Најпознати руски квартети вечерва на „Охридско лето“

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва на љубителите на уметноста ќе им приреди концерт со најпознатите руски квартети од Петар Илич Чајковски и Дмитри Шостакович. Делата од руските композитори на публиката ќе ѝ ги долови гудачкиот „Квартет филхармонија“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Овој музички состав е релативно нов на македонската класична сцена и е формиран од помлади членови на оркестарот на Македонската филхармонија. Со голема поддршка од раководството на институцијата и директорот Виктор Илиевски, „Квартет филхармонија“ почнува да функционира во октомври 2017 година, а само два месеца подоцна веќе го одржува својот прв концерт.
Ана Кондратенко ја има првата виолина во квартетот. Своето образование го почнува во родната Русија, а дипломира на Високата музичка школа во Келн, во класата на светски познатиот виолинист Виктор Третјаков. Како солист и концерт-мајстор е доста активна во Македонија, но и во Русија и голем број други земји во Европа, Америка и Азија.

Бојан Илкоски (втора виолина) дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Олег Кондратенко. Често настапува како камерен музичар, поле на кое соработува со светски реномирани артисти. Неговата активна изведувачка дејност го носи и надвор од границите на Македонија.

Бојан Талески свири на виола во овој гудачки квартет. Тој најпрвин почнува да свири виолина, а подоцна се определува за инструментот виола. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Фросина Балова. Чест гостин е на фестивалите во Македонија, но и надвор од неа. Добитник е на награди на неколку натпревари во Македонија и Бугарија.

Дел од овој музички состав е и виолончелистката Марија Михајловска, која дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје со највисоката оценка Cum Laude, во класата на проф. Живко Фирфов. Во 2015 година ги завршува и своите магистерски студии на ФМУ во класата на познатиот чешки виолончелист Микал Канка. Учесник е и на повеќе мајсторски курсеви предводени од еминентни музичари.

Во изминатите неколку месеци,гудачкиот „Квартет Македонија“ соработувал со познати диригенти и истакнати уметници во камерното музицирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП