29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon ќе го прошири својот удел на пазарот во САД

Amazon ќе го прошири својот удел на пазарот во САД

Според ново пазарно истражување приходите на американската технолошка компанија „Amazon“ во САД ќе се зголемуваат во текот на оваа година со 30 отсто и ќе достигнат речиси 260 милијарди долари.

Компанијата за пазарни анализи „eMarketer“, која ја разгледува продажбата на категории на производи, проценува дека приходите на концернот во САД од е-трговија ќе достигнат 258,2 милијарди долари.

Тоа значи дека се очекува „Amazon“ да освои речиси половина од американскиот пазар за електронска трговија до крајот на 2018-та година (49,1%), тврдат од „eMarketer“. Компанијата заврши во 2017-та година со околу 44% удел на пазарот.

На второ место не е „Walmart“, како што некои би можеле да очекуваат, туку „eBay“, според истражувањето на „eMarketer“. Се очекува „eBay“ да ја заврши годината со удел од околу 6,6% од американскиот пазар за електронска трговија, „Apple“ ќе држи 3,9%, а на „Walmart“ ќе отпаднат едвај 3,7%. Следуваат „Home Depot“, „Best Buy“, „QVC Group“, „Macy’s“, „Costco“ и „Wayfair“.

Исто така е изненадувачки фактот дека пазарот на „Amazon“ расте – т.н. „Marketplace“ е платформа за e-трговија, која е во сопственост и е управувана од „Amazon“ и која им овозможува на продавачи од трети страни да тргуваат, наместо купувачот да купува еден од сопствените брендови на „Amazon“.

Продажбата генерирана од пазарот, ќе биде повеќе од два пати над директна продажба на „Amazon“ во САД до крајот на годината, вели „eMarketer“. До 2019-та година, продажбата ќе генерира повеќе од 70% од севкупниот бизнис на е-трговија на „Amazon“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП