23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСите победници на 24 часа Ле Ман на едно место (видео)

Сите победници на 24 часа Ле Ман на едно место (видео)

Една од најстарите активни авто-трки прв пат се одржа во 1923-та година.

Трката на издржливост 24 часа Ле Ман постои веќе 95 години. За тоа време, автомобилите кои учествуваа во неа доживеаа големи трансформации, исто како во тој период драматично се промени и авто-индустријата.

Повеќето победници на ова легендарно натпреварување доаѓаат од европските фабрики за автомобили, а само три не-европски производители успеаа да најдат свое место на тронот. Тоа му тргна од рака на „Ford“ кон крајот на 1960-тите, „Mazdа“ со автомобилот кој имаше ротирачки мотор (1991-ва) и „Toyotа“ со автомобилот со хибриден погон, „TS050 V6 Hybrid“ (2018-та).

Првиот победник во 1923-та година беше автомобил од денес непостоечката француска марка „Chenard & Walker“, a се до 1952-ра шампиони беа возила со отворен покрив.

Таа 1952-ра традицијата ја прекина „Mercedes 300SL“ како прво купе кое триумфираше на Ле Ман. Сепак, во трката се до средината на 1960-тите потворно победуваа возила со отворен покрив.

Натпреварувањето 24 часа Ле Ман се одржуваше секоја година, иземајќи ја 1936-та кога штрајкот на работниците предизвикан од големата економска криза го спречи појавувањето на автомобилите на патеката, додека најголемата пауза траеше од 1940-та дo 1948-ма, поради Втората светска војна.

Кога во 1949-та трката беше обновена, првиот победник беше „Ferrari“ со моделот „166 MM“.

Иако тогаш започна доминацијата на „Ferrari“ која траеше една ипол деценија, италијанскиот производител не е тој кој има најмногу триумфи на Ле Ман. Имено, „Ferrari“ победи 9 пати, а рекордер е „Porsche“ со дури 19 титули на познатата патека.

Втор е „Audi“, кој има 13 победи – сите остварени во 21-виот век.

Погледнете како изгледале тркачките автомобили кои триумфирале на 24 часа Ле Ман од 1923-ра па до 2018-та:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП