24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо театарот „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата „Казимир и Каролина“

Во театарот „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата „Казимир и Каролина“

„Казимир и Каролина“ од Еден фон Хорват, во режија на Нела Витошевиќ, е претставата што се подготвува во театарот „Војдан Чернодрински“. Во наредните недели најпрво процесот е на маса, односно се реализираат читачките проби, за да се продолжи поинтензивно на почетокот на септември. Премиерата ќе биде на почетокот на октомври.

– Ова е моја трета соработка со прилепскиот театар. Кога имате претходно сработено одлични претстави, со задоволство продолжуваш да работиш со ансамблот. Автор на текстот е Германец, еден од основоположниците на модерната драма, Еден фон Хорват. Напишан е 1932 година и првпат се поставува во Македонија. Проектот ќе се занимава со скршените соништа што некако до некоја возраст сме ги негувале. Подоцна кога ќе се скршат соништата, животот продолжува по инерција. Претставата ќе проговори колку љубовта во денешно време, љубовта меѓу двајца млади, е условена од економскиот аспект и дали сме во трка со време за позиција и за пари или кога ги нема парите, љубовта може да опстане – вели режисерката Витошевиќ.

Ќе играат Катерина Ч. Клинческа, Никола Настоски, Наташа Наумоска, Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Иваноска, Михајло Миленкоски, Јасмина М. Станкоска, Игор Трпчески, Александар Тодески. Сценограф ќе биде Константин Трпеноски, автор на музиката Огнен Анастасоски и костимограф Розе Трајческа. Нела Витошевиќ во театарот „Војдан Чернодрински“ ги режира „Сон на летната ноќ“ и „Змејовата невеста“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП