2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед потпиша спонзорски договор со Invex

Јунајтед потпиша спонзорски договор со Invex

invex

Новиот англиски шампион, Манчестер Јунајтед на листата на свои спонзори ја додаде и мексиканската банка „Invex“.

Според информациите кои пристигнуваат од Островот двете страни потпишале четиригодишен договор кој и дава за право на банката да произведува кредитни картички во Мексико со логото на фудбалскиот клуб кој има 24 милиони фанови во оваа земја.

Спонзорскиот договор ќе му помогне на Јунајтед да генерира приходи од над 350 милиони фунти.

Инаку „Invex“ е основана во 1991-ва година и со помош на најсовремената технологија и специјализирани услуги има за цел да прерасне во една од водечките банки во Мексико. Со филијали во сите поголеми градови во Мексико, „Invex“ има годишен обрт од 252 милиони долари и силна база на податоци на повеќе од 100.000 кредитни картичка на клиентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП