25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGroupon активно бара купувач

Groupon активно бара купувач

Десетгодишниот период во кој американската компанија „Groupon“ е независна, може да заврши.

Менаџерите на „Groupon“, кои ги претставуваат банкари, се поврзале со неколку јавни претпријатија во последниот месец, во обид да го проценат интересот за купување на компанијата со седиште во Чикаго за групно интернет пазарување, објави „Recode“ базирајќи се двајца извори.

„Groupon“ веќе некое време им покажува на потенцијалните купувачи дека е отворена кон идејата за продажба, но претставници на компанијата биле особено агресивни во последниот месец во обидот да предизвикуваат интерес кај евентуалните заинтересирани лица, вели еден од изворите. Не е јасно дали „Groupon“ најде купувач и која е причината за нејзината подготвеност да се продаде.

Портпаролот на „Groupon“ одби да коментира. Акциите на компанијата се зголемија за 11 отсто во американската превентивна трговија по веста.

Во првите неколку години по нејзиното лансирање во 2008-ма година, „Groupon“ беше една од омилените стартап компании во светот, откако ја воведе идејата за дневни зделки за онлајн корисниците. До „IPO“-то во 2011-та година – второ по големина технолошка компанија во оној момент – „Groupon“ беше проценувана на над 16 милијарди долари, поради што го отфрли предлогот за купување за 6 милијарди долари од „Google“, една година порано.

Ова, сепак, може да е најдобрата изведба на компанијата. Денес, „Groupon“ е проценета на околу 2,4 милијарди долари, по годишно намалување на дневните договори. Во 2016-та година компанијата го купи својот главен конкурент „LivingSocial“ за 0 долари. „Amazon“ претходно поседуваше една третина од „LivingSocial“, во дополнение на сопствениот бизнис со локален бизнис, кој беше затворен во 2015-та година.

Во последната година „Groupon“ одлучи да се фокусира помалку на категоријата СТОКИ – каде продава физички производи со попуст – и повеќе на својата основна дејност со дигитални ваучери, за да ги поддржи маржите на профит.

Како резултат на тоа, вкупните приходи на компанијата се намалија за 5,6 отсто во 2017-та година на 2,84 милијарди американски долари – што е најниско ниво од 2013-та година. „Groupon“, сепак, излезе со оперативен профит во 2017-та година за прв пат од 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП