26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСо „Бела ноќ“ в сабота почнува главната туристичка сезона во Охрид

Со „Бела ноќ“ в сабота почнува главната туристичка сезона во Охрид

Со годинешното издание на „Бела ноќ“, проект што се подготвува повеќе од четири месеци, на 14 јули, сабота, ќе се одбележи официјалниот почеток на главната туристичка сезона во Охрид.

Програмата ќе започне во 18 часот со настап на DJ Gec и уште неколку локални диџеи по што во 21 часот ќе има поздравен говор од страна на градоначалникот Јован Стојаноски на градскиот плоштад, со што и официјално ќе биде отворена годинешната „Бела ноќ“.

Потоа следува уште еден блок музика по што околу 21.30 часот ќе започне концертот на Масимо Савиќ, кој ќе биде пренесуван директно на видеобим на главната бина на градскиот плоштад. Повеќе информации на следниот линк: ohrid.gov.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП