Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Концерт на Младинскиот светски џез-оркестар предводен од американскиот диригент Луис Бонила

Време: 11:08

Датум: јули 9, 2018

Категорија: КУЛТУРА

Младинскиот светски џез-оркестар (JM World Jazz Orchestra), предводен од американскиот диригент Луис Бонила, вечер ќе гостува на „Скопско лето“ со концерт во Сули ан од 22 часот. Дирекцијата за култура и уметност-Скопје го организира концертот во соработка со Музичката младина на Македонија.

Тоа е прв интернационален младински џез-оркестар во светот составен од 18 млади професионални џез-музичари избрани преку отворени глобални аудиции. Бендот работи со најдобри диригенти, уметници и композитори во светот и годишно оди на турнеја, појавувајќи се на престижни европски сцени и џез-фестивали.

Во рамки на нивната седма европска турнеја, овој месец тие музицираат на Балканот. Претставувајќи 12 земји, младите музичари ќе ги посетат Македонија, Бугарија, Хрватска и Словенија.

Младинскиот светски џез-оркестар е формиран во 2012 година од ЈМ Интернешнал – мрежа од невладини организации за музика за млади. Оркестарот работел со познати интернационални џез-артисти како Гонзало Рубалкаба, Џон Рајли, Хектор Мартигнон, Карлхајнц Монтро и Сиги Фигл.

Диригентот Луис Бонила, кој го предводи мултинационалниот оркестар, е меѓународно признат тромбонист, композитор и едукатор од САД.

Бил член на џез-оркестарот Вангард, Афролатискиот џез-оркестар под водство на Артуро О’Фарил, Мингус биг бенд и во Брес фантазијата на Даглас.

Како член на оркестар, Бонила има работено со Меккој Тинер, Дизи Гилепси, Том Харел, Фреди Хабард, Аструд Гилберто, Вили Колон и Тошико Акијоши, а во поп-музиката, пак, има снимено и бил на турнеја со многу ѕвезди, како Тони Бенет, Алехандро Санз, Дајана Рос, Марк Ентони, Ла Индија, Мери Џеј Блиџ и со Фил Колинс – на неговите турнеи во Европа и Латинска Америка.

Луис Бонила е и музички едукатор и работел на Универзитетот Темпл, Училиштето за музика Менхетн и Конзерваториумот Њу Ингланд.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Македонската филхармонија свечено ја почнува новата сезона со концертот „Ново утро“

    Македонската филхармонија свечено ја почнува новата сезона со концертот „Ново утро“

    На 27 септември (четврток) во 20 часот, ќе се случи свеченото отворање со концертот под наслов „Ново утро“, на кој ќе настапи врвниот пијанист од…

  • Есенско издание на „Скопје синема сити“

    Есенско издание на „Скопје синема сити“

    Од 5 до 6 октомври, во Кинотека на Македонија ќе се одржи есенското издание на фестивалот „Скопје синема сити“. Оваа година ССС влезе во својата…

  • Халкбанк и Манаки со заедничка желба за зачувување на вистинските културни вредности

    Халкбанк и Манаки со заедничка желба за зачувување на вистинските културни вредности

    Во насока на поддржување на филмската традиција и промоција на вистинските културни вредности, Халкбанк и Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ го објавија официјалното…

  • „Исцелител“ е македонски кандидат за „Оскар“

    „Исцелител“ е македонски кандидат за „Оскар“

    „Исцелител“, во режија на Ѓорче Ставрески, е македонски кандидат за „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско подрачје. Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата…

  • „Звуците на културата“ во Ѓорче Петров

    „Звуците на културата“ во Ѓорче Петров

    Од денеска, па до недела во Oпштина Ѓорче Петров за првпат ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“. Многу познати музички имиња, играорни групи, млади…

  • Турскиот театар ја започнува сезоната со ,,Крал Лир”

    Турскиот театар ја започнува сезоната со ,,Крал Лир”

    Турскиот театар информира дека сезоната ќе ја отвори денеска со изведбата на претставата ,,Крал Лир” од Вилијам Шекспир во режија на Диего Де Бреа со…

  • Промовирана книгата „ФИЛАНТРОПИЈАТА НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ“  од Венко Андоновски

    Промовирана книгата „ФИЛАНТРОПИЈАТА НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ“ од Венко Андоновски

    Во Стопанската комора на Македонија, во Скопје, во присуство на претседателот на владата Зоран Заев, заменик премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, градоначалници, академици, директори,…

  • Вечерва во 21:00 часот се отвора петтото издание на саемот на уметност Ин Ситу

    Вечерва во 21:00 часот се отвора петтото издание на саемот на уметност Ин Ситу

    Меѓународниот саем на уметност Ин Ситу ќе се одржи по петти пат од 13 – 15 септември во Младинскиот културен центар – Скопје. На отворањето…

  • СКРМ: Културата и натаму е на дното во државните приоритети

    СКРМ: Културата и натаму е на дното во државните приоритети

    Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) е незадоволен од бавното решавање на наталожените проблеми во културата и смета дека, и покрај мали поместувања и…

  • Детскиот фестивал „Поточиња“ објавува аудиција за нови членови

    Детскиот фестивал „Поточиња“ објавува аудиција за нови членови

    Оваа пролет Детскиот фестивал “Поточиња“ го прослави својот 15 – ти роденден со прекрасни шест претстави во Македонската опера и балет, а со доаѓањето на…