27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle ја поддржа кампањата „Мисли.Јади.Заштеди“

Nestle ја поддржа кампањата „Мисли.Јади.Заштеди“

mislijadizashtedi1

Секој шести човек на светот заминува на спиење гладен, додека секој ден повеќе од 20.000 деца помали од пет години умираат од глад, покажаа податоците на Организацијата за храна и земјоделство на ОН.

Според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на ОН, секоја година една третина од храната што се произведува во светот се фрла или пропаѓа.

Со цел да се поттикне свеста кај населението Програмата на ОН за животна средина, Организацијата за храна и земјоделство и Организацијата за рециклирање покренаа кампања „Мисли.Јади.Заштеди“, кон која се приклучи и компанијата „Nestle“ која го прослави Светски ден за заштита на животната средина.

– Во изминатите десет години речиси го преполовивме количеството отпад по килограм производ произведен во нашите фабрики. Се залагаме за понатамошно намалување на отпадната храна во целиот производствен синџир, од нивата до потрошувачот и пошироко, како и за подигање на свеста за тоа дека вистинската вредност на храната често не се одразува низ нејзината цена, изјави Паскал Греврат, директор за одржлив развој и животна средина во компанијата „Nestle“.

„Nestle“ вложува напори да се избегне расфрлањето храна уште од основањето на компанијата, повеќе од 140 години, претворајќи ги расипливите суровини, како што се млекото, зрната кафе и какаото, во безбедни производи со додадена вредност, наведуваат од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП