2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗABT го претстави првиот во свет хибриден караван (фото+видео)

ABT го претстави првиот во свет хибриден караван (фото+видео)

Германската работилница „ABT Sportsline“ го претстави првиот во светот хибриден караван „Audi RS6“. Основата на машината е доработена од „ABT“, автомобил кој добил подобрувања во аеродинамиката и електромотор со блок акумулатори.

Моќноста на хибридниот систем, во која влегуваат 4,0-литарски битурбо „V8“, електромотор, соединет со карданово вратило и батерии со капацитет од 14,6 kW/h, е 1.005 КС и 1.291 Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 3,3 секунди, а максималната брзина е 305 км/ч. Од 100 км/ч до 300 км/ч, овој автомобил забрзува за 10 секунди.

За споредба, најмоќниот „Audi RS6“, произведен од „ABT“, има 735 КС и 920 Nm вртежен момент. Тој развива 100 км/ч од место за 3,4 секунди, но максималната брзина му е малку повисока – 320 км/ч.

Доработката на работилницата вклучува нова преден браник, заден спојлер, странични прагови, како и специјални 21-инчни бандажи „Sport GR“ кои порано ги видовме на „ABT RS6 + Phoenix“ – автомобил, создаден од шведскиот скијач Јон Јолсон.

За жал, „RS-E“ е само прототип и нема да биде произведен. Идејата за сопственикот на студиото Ханс-Јирген Абт и неговиот син Даниел е да експериментираат со хибридна технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП