25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCitroen C3 Aircross го покори пазарот (фото)

Citroen C3 Aircross го покори пазарот (фото)

Иако се појави пред само девет месеци, малиот „SUV“ на „Citroen“, „C3 Aircross“ веќе го освои пазарот.

Oд октомври од кога се појави во европските салони „C3 Aircross“ го купија дури 90.000 лица, oд кои 35.000 само во Франција.

„Citroen“ направи одлична работа, а пазарот се заљуби во единствениот, прилагодлив дизајн, функционалноста, како и 12-те помошни системи за возење и четири системи за поврзување.

„C3 Aircross“ е привот показател како еден автомобил може да се вклопи во современиот начин на живот, нудејќи комфорт во возилото и искуство без преседан.

Како што е едноставен за употреба во град, „C3 Aircross“ благодарејќи на „Grip Control“ и „Hill Assist“ системите е еднакво употребливи и на асфалтот и на недостапните терени.

„Citroen“ во меѓувреме подготви и ново издание од својот мал „SUV“ под името„Rip Curl“ базиран на „Feel“ пакетот на опрема.

Обезбедува ексклузивен енетериер со дополнителна опрема, како 7-инчниот „Connect Nav 3D“ мултимедија со „Mirror Screen“ системот, како и „Connect Box“, автоматската клима…

Почетната цена на „C3 Aircross SUV Rip Curl“ е 22.600 eвра во Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП