7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDino, Среќен 50-ти роденден! (фото+видео)

Dino, Среќен 50-ти роденден! (фото+видео)

„Ferrari“ во текот на својата седум децении долга историја, направи многу иконски модели, но само неколку од нив освоија толку срца како што тоа го направи „Dino“, претставен пред 50 години.

Легендарниот модел на „Ferrari“ го доби името по прерано починатиот син на Енцо Ферари, Дино, беше претставен во 1968-ма година.

Oргиналната серија ја имаше ознаката „206 GT“, по што следеше подобрена верзија „246 GT“ и „GTS“.

Во 1973-та се појави моделот „308 GT4“, со целосно променет дизајн на кој се потпишува „Bertone“.

Интересно е дека сите возила до 1976-та ја имаа ознаката „Dino“ на каросеријата, а други подоцна примероците беа брендирани како „Ferrari“.

Иако „Ferrari“ овие денови ја одбележува 50-годишнината на серискиот модел, концептот на овој автомобил за прв пат е прикажан во 1965-та година на саемот за автомобили во Париз.

Две години подоцна, во Франкфурт дебитираше и серискиот модел, па затоа 50-тиот роденден „Dino“ можеше да го прослави уште во 2017-та година.

Меѓутоа, „Ferrari“ во 2017-та година се посвети на одбележување на 70-тиот роденден на комапнија, па јубилејот на моделот „Dino“ е поместен за оваа година.

По повод половина век на овој легендарен автомобил, во Маранело во саботата (30-ти јуни) се собраа преку 150 сопственици на сите генерации на моделот „Dino“ со своите возила.

Најпрво следеша посета на фабричкиот музеј и обиколка на фабриката, а потоа и парада со возилата на патеката Фиорано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП