8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајпродаваните SUV модели за 2018-та година

Најпродаваните SUV модели за 2018-та година

Сегментот на SUV-моделите (кросовери и теренци) продолжува да остварува експлозивен раст во продажбата, откако ги одземаат пазарните удели на традиционалните хечбек возила, каравани и седани. Во првите 5 месеци од 2018-та година, 12,3 милиони возила беа продадени ширум светот, што е за 12,6% повеќе од минатата година. Генерално, уделот на „SUV“ модели е 34,4%.

Како изгледа во моментов Топ 10, открива агенцијата „focus2move“. Според информациите, најчесто се бараат пресеци на „C“-сегментот (должина од 4,2 до 4,5 метри), со 57,2%. Следуваат поголемите машини од „D“-класа – 35,2, додека оние од „B“-класа имаат само 5%, но кај нив растот за оваа година е најголем – 18%.

Лидер во вкупниот пласман на глобално ниво останува „Toyota RAV4“, чија продажба за првите 5 месеци изнесува 335.128 единици. Ова е за 7,8% повеќе од минатата година. Многу блиску до јапонскиот модел е „VW Tiguan“ со 332 185 примероци, а германскиот модел оствари зголемување за 13,7% во однос на првите 5 месеци од 2017-та година.

Топ 10 најдобро продавани „SUV“  автомобили за 2018-та година:

1. Toyota RAV4 – 335.128 + 7,8%,

2. VW Tiguan – 332.185 + 13,7%,

3. Honda CR-V – 275.476 -7,3%,

4. Hyundai Tucson – 224.789 -0,1%,

5. Nissan Qashqai – 224.778 + 5.2%,

6. Haval H6 – 200.964 + 4,8%,

7. Mazda CX-5 – 198.136 + 22,6%,

8. Nissan Rogue – 197.255 + 8,2%,

9. Kia Sportage – 192.773 + 7,5%,

10. Baojun S10 – 189.709 +162, /%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП