25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Поздрав од Скопје“ во Сараево

„Поздрав од Скопје“ во Сараево

Со „Поздрав од Скопје” солистите на Македонската опера и балет, сопранот Наде Талевска и тенорот Никола Стојчески, вчера го отворија меѓународниот фестивал на културата во Сараево „Башчаршиски ноќи“.

Со оркестарот на Сараевската филхармонија диригираше маестро Иван Еминовиќ.

„Башчаршиски ноќи” се најголемиот културен настан, односно летен фестивал на културата во Сараево, Босна и Херцеговина. Со домашните ансамбли и солисти, со гостувањето на многу европски и меѓународни уметници, секој јули станува вистински центар на културата, а целиот град е во специјална фестивалска атмосфера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП