17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАУметници од Грција и Македонија на ликовната колонија „Културен мост“

Уметници од Грција и Македонија на ликовната колонија „Културен мост“

Здружението на граѓани „Концепт“ од Скопје го најавува одржувањето на првата ликовна колонија со наслов „Културен мост“ на која од 30 јуни до 5 јули во Струга ќе учествуваат ликовни уметници од Грција и од Македонија.

Организаторите на настанот истакнуваат дека целта на колонијата е развивање и продлабочување на културната соработка и пријателство меѓу Македонија и Грција. Проектот вклучува и заедничка изложба на учесниците на колонијата, која ќе биде отворена на 6 јули 2018 година, во објектот Чифте Амам, при Националната галерија на Македонија во Скопје.

Иницијативата за ликовната колонија „Културен мост“ е на Здружението на граѓани „Концепт“ од Скопје, додека во работата на колонијата се вклучени грчките уметници Ангелос Скуртис, Антигони Каввата, Ели Гравалу, Корнилиос Граменос, Марк Хаѕипатерас и Харалабос Кацацидис, како и уметниците од Македонија: Мирослав Масин, Сергеј Андреевски, Шќипе Мехмети, Исмет Рамиќевиќ, Натали Николовска и млади сликари од Струга. Паралелно со работата на колонијата, уметниците ќе имаат можност да ги посетат Калишта, Радожда, Вевчани, Охрид и кањонот Матка.

Ликовната колонија „Културен мост“ е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија. Проектот се реализира во соработка со Националната галерија на Македонија во Скопје и Домот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП